Am 22. Spieltag tritt die SG in Mannheim bei den Rhein-Neckar Löwen an.

Фленсбург победнички во Нови Сад, Нексе одигра само реми кај Горење

Во терминот од 18:45 часот се одиграа речиси сите натпревари од второто коло од главната фаза во Лигата на Европа.

Фленсбург на гостувањето во Нови Сад кај Војводина ја оствари втората победа во главната фаза, славеше со 36:26. Српскиот шампион целосно потфрли во периодот од 45 минута до самиот финиш.

Германскиот тим во текот на првите 30 минути константно беше во водство, максималната предност на Фленсбург изнесуваше четири гола разлика, но при финишот од првиот дел дојде до пад во играта на гостите.

Домашниот тим на крилата на репрезентативецот Петар Ѓорѓиќ полека се враќаше во игра. Откако Фленсбург на полувреме замина со еден гол разлика, 14:13, на почетокот на вториот дел избраниците на Борис Ројевиќ конечно дојдоа до првото и единствено изедначување на натпреварот, 14:14.

Камбекот на Војводина значеше дека Фленсбург ќе мора да го даде максимумот за победнички да си замине од Нови Сад. Тимот на Ројевиќ пропушти неколку шанси за повторно да изедначи, па така грешките на домаќините беа максимално искористени од Фленсбург, кој во 40 минута имаше солидна позитива од 20:16.

До крајот на натпреварот растеше предноста на Фленсбург, домаќините како да кренаа раце и немаа доволно сила да им парираат на гостите во последниот дел. Еден од најзаслужните за победата на Фленсбург беше голманот Буриќ, натпреварот го заврши со 15 интервенции.

Во балканското дерби, хрватскиот вицепрвак Нексе одигра само реми на гостувањето во Словенија кај Горење, 27:27, додека романскиот двобој меѓу Динамо Букурешт и Констанца го доби тимот на Чави Пасквал.

Динамо Букурешт немаше поголеми проблеми против Констанца и победата си ја обезбеди со одличната игра во првиот дел, на пауза замина со 16:10 и рутински го одработи второто полувреме.

Фуксе Берлин иако против Спортинг Лисабон на полувреме водеше со 19:13, сепак, со лошата игра во вториот дел не успеа да ги освои зацртаните бодови.

Лига на Европа – главна фаза, 2. коло, резултати:

Група А
20:45 Рајн Некар – Хановер
20:45 Нант – Забже

Група Б
Горење – Нексе 27:27 (13:15)
18:45 Савехоф – Скјерн 27:29 (12:13)

Група Ц
18:45 Војводина – Фленсбург 26:36 (13:14)
Силкеборг – Кадетен 36:30 (17:15)

Група Д
Букурешт – Констанца 33:23 (16:10)
Фуксе  – Спортинг 31:32 (19:13)