Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер кога требаше ја покажа својата сила и квалитет, па и како гостин во Охрид успеа да триумфира, со 32-25 (18-16) и да закаже нов настап на Ф4 турнирот од Купот. Иако изгледаше дека ќе им биде тешко на гостувањето во Охрид, за „зелените“ од Битола најтешко беше само тоа што денеска мораа да играат два натревари.
Прво во утринскиот термин со 40-21 го „демонтира“ Куманово, каде ги штедеше најдобрите, па неколку часа подоцна излезе на мегдан со амбициозниот и се подобар тим на Охрид. Но, на овој дуел немаше шанса домаќините да парираат и играат како што наумиле.
Во финалниот дуел од групата, Охрид се надеваше дека ќе може да направи чекор напред кон своето ново појавување меѓу најдобрите од Купот, па дури и да се надева дека токму пред своја публика ќе го брка првиот Куп трофеј. Ама на тој пат на „гладијаторите“ им застана Еурофарм Пелистер.
Домаќините само четирипати, и тоа на почеток на средбата успеаја да израмнат, 1-1 и 2-2, а потоа и 9-9 и 10-10. Се друго беше во знакот на битолчани, кои имаа резултатска предност и диктираат темпо.
Кога во 49 минута Еурофарм Пелистер дојде првпат до „плус 7“ за водство 27-20, изгледаше дека веќе се е завршено во Охрид. Последните десет минути делуваа како рутина на гостите.
Филип Кузмановски со 8 гола, и Богдан Радивојевиќ со седум беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер. Во тимот на Охрид најмногу голови даде Гал Цирар, шест.
Куп на Македонија, мажи, распоред:
група 1 (Кавадарци)
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 23-26
Прилеп – Мулти Есенс 23-27
Тиквеш – Мулти Есенс 32-28
група 2 (Скопје)
Бутел Скопје – Струга 24-18
Алкалоид – Вардар Неготино 48-28
24/3, 18:00, Бутел Скопје – Алкалоид
група 3 (нема организатор)
Пролет – Голден Арт 22-32
Радовиш – Вардар 21-42
24/3, 17:00, Вардар – Голден Арт
група 4 (Охрид)
Охрид – Скопје 40-24
Еурофарм Пелистер – Куманово 40-21
Охрид – Еурофарм Пелистер 25-32