Еурофарм Пелистер по 27 години гостува во Келце, домашните се потсетија на првиот двобој (ФОТО)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер по 27 години ќе гостува во Келце, но овојпат во Лигата на шампионите.

Тогаш, на 24 јануари 1996 година, домаќинот Келце, кој ја имаше додавката Искра Цересит прослави убедлива победа со 30-22, а во македонскиот тим играат Стевче Стефановски, Кире Поповски, Игор Николовски, Драган Маринковиќ…

Toa беше пирова победа на Келце во четвртфиналето од Купот на победниците на Куповите, бидејќи претходно во Битола, Еурофарм Пелистер славеше со 29-19 и поради повеќе голови на гости се пласира во полуфиналето каде следуваше двомечот со Лемго.

На првата средба од оваа сезона во Лигата на шампионите, Келце во Битола без Алекс Душебаев, Андреас Вулф, Симон Шичко…славеше со 24-21, но мораше добро да се испоти.

Како ќе биде вечерва во салата „Легионово“, ќе видиме за време на натпреварот кој стартува од 20:45 часот.