„Еурофарм Пелистер е силна, цврста, вистинска македонска екипа – одиме на жежок терен во Битола!“

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер е пред последниот предизвик за оваа година во Лигата на шампионите.

Во Битола во четврток доаѓа хрватскиот првак Загреб, а пелистерци ќе се обидат да ги освојат првите бодови во елитното натпреварување против Дибиров, Чупиќ, Мандиќ, Срна…

Левиот бек Звонимир Срна вели дека Загреб знае каде доаѓа, но доаѓа по победа.

„Еурофарм Пелистер нема ниту еден, но во битола не е лесно да се игра и тоа сите го знаат. Домашниот тим е една силна, цврста, македонска, вистинска балканска екипа. Сигурно дека нема да биде лесно, ќе биде максимално жежок терен и знам дека ќе сакаат да не победат. Очекувам цврст натпревар. Тоа нас можеби и ни одговара. Одиме во Битола само на победа“, вели Срна.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Загреб се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.