Екс вардарецот Јан Чувара има нов клуб

Поранешниот ракометар на Вардар, Јан Чувара, по кратката пауза се враќа на ракометните терени во Полска.

Левото крило што беше дел од „црвено-црниот“ тим две сезони ќе го носи дресот на Заглебје Лубин во следниот период.

Чувара настапуваше за овој клуб и претходно, па нема да има проблеми околу адаптацијата и ќе може да ја рестартира кариерата.

Toј се повреди на еден од натпреварите од плеј-офот против Бутел Скопје и подолго време се рехабилитираше од повредата на лигаментите.

Освен за Заглебје Лубин и Вардар, Чувара беше дел од Легница и Горњик Забже, а за националната селекција на Полска досега има 60 настапи.