Еден замина, дојде друг кружен напаѓач во Војводина

Српскиот шампион Војводина остана без еден од триото кружни напаѓачи, но веднаш ја пополни празнината.

Тимот од Нови Сад го раскина договорот со мароканскиот интернационалец Маруан Шуриеф, кој не ги исполни очекувањата во редовите на српскиот тим.

Ден потоа Војводина го ангажираше Немања Ратковиќ, кој во минатото го носеше дресот на тимот на Ројевиќ, пишува „Моцарт Спорт“.

Ратковиќ минатото лето замина во романската Баја Маре токму од Војводина, но сега се враќа во старото јато.

Тој ќе формира трио со младиот Лука Роган и искусниот Живан Пешиќ на линијата од шест метри.