Машката младинска репрезентација на Македонија ја очекуваат две пријателски средби против Хрватска во рамките на ЕХФ неделата.
Селекторот Раде Стојановиќ на списокот имаше 18 имиња, од кои отпаднаа двајца – левото крило Дамјан Субашевски и Кристијан Стаменковиќ. Дополнителен повик добија средниот бек на Бутел Скопје, Петар Цветковски и левиот бек на Голден Арт, Владимир Наумоски.
Од претходно од списокот отпаднаа Галевски и Карасманакис, кои се на подготовки со сениорскиот национален состав, Mитев е со кадетите, додека поради повреди ги нема Петковски, Ристевски и Стојановски.
Иако Македонија ќе биде без многу од стадндардните ракометари, сепак шанса за да се наметнат ќе добијат некои други што играат добро во своите клубови.
Хрватите доаѓаат со силниот состав што освои бронза на кадетското СП минатиот август, па овој двомеч ќе биде силна проверка пред да се одмерат силите и во групата на ЕП во Словенија, каде уште ќе бидат и Австрија и Црна Гора.
Натпреварите меѓу Македонија и Хрватска ќе се одиграат во Автокоманда на 15 март од 18:00 часот и на 16 март од 12:00 часот.