Драма во Свети Николе – Овче Поле по истекот на времето освои бод против Пелистер! (ВИДЕО)

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет и Пелистер одиграа драматичен натпревар во 4 коло од Женската лига, кој заврши реми 21-21. Иако гостинките од Битола имаа водство од два гола на две минути до крајот, 21-19, сепак домаќинките по истекот на време со гол од слободен удар погоди за нерешено.

Иако по првиот дел битолчанки имаа плус пет, 12-7, а исто така и во второто полувреме водеа со четири гола, на крајот мораа да се задоволат само со бод. На минута и половина до крајот Конева намали на 21-20, а потоа гостинките промашија, но се реваншираа и домашните ракометарки.

Избраничките на Моника Талевска тргнаа во последен напад, шутираа на неколку секунди до крајот, но немаше реализација. Беше спречен домашниот напад, но со фаул за девет метри, а слободниот удар кој го изведе Сентовска заврши во мрежата на Пелистер за реми, 21-21.

Следуваа низа реакции од гостинската клупа за овој погодок, но судијките Божиновска и Здравковска останаа на својата одлука дека голот е регуларен. Најдобри стрелци кај Овче Поле СУ беа Конева со седум и Сентовска со шест гола, а кај Пелистер се истакна Наумовска со седум погодоци.

Погледнете ги возбудувањата во последните моменти на овој натпревар…

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080