Тимот на Јувента Михаловце, каде што настапува македонската репрезентативка Драгана Петковска се наоѓаат на чекор до титула во Словачка.
Во плеј-офот во кој уште играат и Слован Душло Шала и Дунајска Стреда, Јувента славеше две победи, а последната над Шала со 36-29.
Триумфот на тимот на Петковска беше најавен уште по првиот дел кога поведе со 19-14, а вториот дел беше само рутинско одработување на задачата.
Сега за македонската голманка и Јувента останува гостување кај Шала и домашен меч со Дунајска Стреда, а само една победа од овие два меча ќе им гарантира титула.