Динамо Букурешт станува сѐ посилен – доаѓа и Бранко Вујовиќ

Амбициозниот тим на Динамо Букурешт полека го комплетира тимот за новата натпреварувачка сезона. Нов играч во составот предводен од Чави Пасквал ќе биде репрезентативецот на Црна Гора, десниот бек Бранко Вујовиќ.

Како што е познато, иако Вујовиќ имаше активен договор со бундеслигашот Хановер до 2025, сепак, двете страни одлучија секој да си продолжи по својот пат, па така во тимот од Германија како замена за Вујовиќ го ангажираа репрезентативецот на Фарски Острови, Вилхелм Поулсен.

Црногорскиот репрезентативец има одлична полусезона зад себе во Бундес лигата и сигурно ќе биде големо засилување за Динамо Букурешт, кој планира камбек во Лигата на шампионите. Клубот од романската престолнина по крајот од сезоната ќе биде еден од кандидатите кои ќе конкурираат за настап во елитата преку вајлд-карта.

Динамо Букурешт ги ангажираше и Ханиел Лангаро, Андре Гомеш и Јонут Јанку, а најавени сѐ и Јан Тарафета, Демис Григорас, Домен Новак…Романскиот првак се пласираше на Ф4 во Лигата на Европа и ќе има шанса оваа сезона да освои европски трофеј.