Тимот на Ваљадолид, каде што играат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски, славеше убедлива победа над Гранољерс со 42-35.
Учесникот во Лигата на Европа немаше никакви шанси на незгодното гостување, откако и на паузата Ваљадолид ја имаше предноста, 22-19.
Димитриоски беше еден од лидерите на домашниот тим и успеа да реализира четири погодоци од шест обиди, додека Карапалевски беше успешен еднаш.
Ваљадолид сега е на високото петто место со 22 бода, само три помалку од второпласираната Торелавега и е на добар пат да обезбеди место во Лигата на Европа за следната сезона.