Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 12 коло во Лигата на шампионите кај дамите.
Нема посебно интересни натпревари, но еден меч се издвојува како дерби – двобојот на данскиот Есбјерг и францускиот Брест Бретањ.
Арбитражата на овој натпревар им е доверена на Исмаил Металари и Ненад Николовски, за кои ова е уште еден меч во серија од елитната конкуренција.
Натпреварот меѓу Есбјерг и Брест Бретањ е од голема важност во битката за директно место во четвртфиналето, односно втората позиција на табелата, бидејќи Ѓер е скоро сигурно прв.
Овој дуел е закажан за 9 февруари од 16:00 часот.