ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Се игра Прва лига во Македонија, на ЕП се делат билети за главна рунда

Денеска ќе бидат одиграни пет средби од прволигашката конкуренција со кои ќе биде комплетирано 11 коло.

Во Гостивар, Јехона ќе го пречека Металург РА, два меча се на програмата во Скопје, Аеродром ќе игра против Мулти Есенс и Шампион против Драчево, а ќе се игра во Неготино и во Ресен.

На Европското првенство ќе биде комплетирано 2 коло со дуелите во Б, Д и Ф групите, па ќе бидат познати уште патници во главната рунда.

Најинтересно би требало да биде на дуелот меѓу Црна Гора и Романија што се игра во „Феникс Арена“ во Дебрецин.

Со триумф Црна Гора ќе се пласира во главната рунда, а истото може да го направат Данска, односно Холандија или Германија.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:30 ХРВАТСКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ
18:00 ДАНСКА – ШВАЈЦАРИЈА
18:00 ЦРНА ГОРА – РОМАНИЈА
18:00 ХОЛАНДИЈА – ГЕРМАНИЈА
20:30 ИСЛАНД – УКРАИНА
20:30 ЧЕШКА – СРБИЈА
13:00 ЈЕХОНА – МЕТАЛУРГ РА
15:00 АЕРОДРОМ – МУЛТИ ЕСЕНС
17:00 ШАМПИОН – ДРАЧЕВО
17:00 ВАРДАР НЕГОТИНО – СКОПЈЕ
19:00 ПРЕСПА ВАРДАР – ТЕКСТИЛЕЦ