Сегашниот прволигаш, а од следната сезона суперлигаш, тимот на Бисинов, денеска пред својата публика ќе го одигра последниот натпревар од плеј-оф фазата во Првата лига. Последен ривал на Бисинов е Јехона, која во Велес ќе биде формално домаќин. Бисинов во регуларниот дел од сезоната и во досегашниот настап во плеј-офот не загуби ни бод. Новиот суперлигаш е фаворит на натпреварот против тимот од Гостивар и се очекува без пораз да ја заврши одличната сезона.
На денешната програма ќе има уште два дуели од прволигашкиот плеј-оф/аут, ќе играат Металург РА и Драчево, односно Борец и Преспа Вардар. Двата натпревари ќе бидат од формален карактер.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 МЕТАЛУРГ РА – ДРАЧЕВО
18:30 БОРЕЦ – ПРЕСПА ВАРДАР
19:30 ЈЕХОНА – БИСИНОВ