Циндриќ препорача: Ждаре ги нагости Макуц и Јанц со скара

Добриот глас далеку патува, а препораката од Лука Циндриќ значи многу. Поранешниот играч на Вардар им препорача на своите словенечки пријатели, Домен Макуц и Блаж Јанц дека кога ќе дојдат во Скопје на дуелот со Македонија ќе мораат задолжително да пробаат македонска скара. Двајцата ракометари имаа „локални водичи“, македонски, кои беа задолжени за исполнување на препораката и молбата на Циндриќ.

Популарнот Ждаре, кој секаде го следи најмногу Вардар, и репрезентацијата на Македонија, и така стана и близок пријател со Циндриќ, Карачиќ, Цупиќ, Дибиров… им покажа на Словенците што значи македонската кујна.

Имаше и добра забава, и многу фотографирања, но најважно од се е што препораката на Циндриќ беше исполнета. Макуц и Јанц задоволни, Ждаре,Чарли и Мартин среќни што беа добри домаќини.

На масата во ресторанот во Скопје победи Македонија, со многуте сочни јадења, а малку фалеше да триумфираме и на терен. Очигледно Словенците „се чувале“ и не се прејале многу пред да го играат мечот.

Резултатот засега е израмнет. Во реваншот нека биде исто така, само ние да победиме на терен, а словенците во кафеана.