Целе и Монпелје резултатски „се бркаа“, ама на крајот Французите победија

Спортски гледано дуелот меѓу Целје и Монпелје, најрелано ќе беше ако завршеше со реми, но гостите од Франција ги искористија своите шанси во клучните моменти и се враќаат дома со цел плен и триумф од 31-29 во 4. коло од Б групата на ЕХФ лигата на шампионите.

За Французите триумфот е важен бидејќи остануваа во горниот дел од табелата и ќе чекааш шанса да бидат што повисокот, а словенечкиот првак останува последен без бодови.

Во 58 минута Јанц израмни на 29-29 давајќи му надеж на домашниот тим дека може да извлеше позитивен резултат. Гостите поведоа со 30-29, а домаќините двапати не реализираа напад за израмнување. И стигна казната, 31-29 за Монпелје.

Двата тима имаа свои минути и водство во одреден период од натпреварот. Водепе и Целје иа Монпелје, па сигурно ќе имаат на што да размислуваат домаќините, и како ја прокоцкаа шансата за освојување бодови.

Го имаа домашните ракометари и расположениот Рок Запошек со 16 одбрани, но тој не можеше на крај на влијае на конечниот резултат.

Крилото Тим Чокан со 9 гола од 11 обиди беше најефикасен кај домаќините, додека кај гостите Монте Дос Сантош даде 10 гола од 13 обиди.

ТАБЕЛА Б ГРУПА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МАГДЕБУРГ14120236
2БАРСА14110333
3ВЕСПРЕМ14100430
4МОНПЕЛЈЕ1480624
5ВИСЛА ПЛОЦК1451816
6ГОГ1451816
7ПОРТО14401012
8ЦЕЛЈЕ1400140