Двократниот европски првак Вардар со специјално видео ја најави новата сезона во која ќе се врати во Лигата на шампионите.
Милан Лазаревски по напорната сезона го користи одморот за да ги наполни батериите за новите предизвици.
„Плажа, одмор, едвај чекам, па уште четири-пет дена ќе истераме сигурно, редно време беше. Си го заслуживме одморот, имавме тешка сезона, топ е на Малта“, вели Лазаревски.
Уживањето го прекина телефонскиот повик од тренерот Иван Чупиќ.
„Здраво Мечка, заврши одморот – соберете го тимот и сите во сала, Вардар игра во Лигата на шампионите“, ја соопшти убавата вест тренерот на „црвено-црните“.
Вардар в петок ќе ги дознае ривалите во групната фаза, а новата сезона ќе стартува на 9 или 10 септември.






















