Репрезентациите на Чиле и Зеленортските Острови се последните патници во главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.
Чиле во последното коло од групната фаза славеше над незгодната Јапонија со 31:26 и го освои третото место во групата Ф.
За Чиле ова е историски пласман на Мундијалите, бидејќи во досегашните седум учества никогаш не ја минал групата.
Јужноамериканската селекција во главната фаза ќе патува без бодови, а таму ќе има голем предизвик, ќе игра против Португалија, Бразил и Норвешка.
Зеленортските Острови вторпат по ред обезбедуваат пласман во главната фаза на Мундијалите, откако на денешното соочување против Куба славеа со десет гола разлика, 38:28.
Ракометарите на Зеленортските Острови во главната фаза ќе играат против репрезентациите на Египет, Хрватска и Аргентина.