Екипата на Чаир е третиот патник на Ф4 турнирот од Купот на Македонија во женска конкуренција, откако во финалето од втората група очекувано славеше над Овче Поле СУ.
Составот на Басри Љатифи триумфираше со 46:29, а победата ја најави уште во воведните десет минути кога се одлепи на плус осум, 13:5.
Домашниот тим на полувреме замина со предност od 22:17 и рутински ги одработи вторите 30 минути, во кои гостинките немаа мнгогу опции за игра.
Најефикасна во победничката екипа беше Бојана Диневска со десет погодоци, осум постигна Ангела Костовиќ, по шест имаа Хана Мифтари и Јасмина Попова.
Во поразениот табор листата на стрелци беше предводена од Јована Конева, која воедно беше и најефикасна на натпреварот со 13 погодоци.
Чаир минатата сезона не успеа да избори пласман на Ф4 во Купот, но оваа година се вклучува во борбата за трофејот.
Освен Чаир, досега пласман на Ф4 турнирот обезбедија уште екипите на Вардар и Куманово, додека последниот патник ќе биде познат по дуелот меѓу Пелистер и Ѓорче Петров.
Куп на Македонија, жени, распоред:
група 1
Куманово – Стружанка 37-29
Скопје – Металург Автокоманда 27-53
Куманово – Металург Автокоманда 21-20
група 2
Чаир слоб.
Астибо – Овче Поле СУ 21-38
Чаир – Овче Поле СУ 46-29
група 3
Гевгелија – Вардар 17-34
Шампион – Деспина 19-30
Вардар – Деспина 30-21
група 4
Пелистер слоб.
Спартак – Ѓорче Петров 22-44
24/3, 16:00, Пелистер – Ѓорче Петров