Ива Николовска потпиша нов договор со македонскиот вицепрвак
Една од најталентираните ракометарки во Македонија, Ива Николовска го продолжи договор со тимот на Куманово.
18-годишната ракометарка, која настапува на позиција лев бек, остана верна на македонскиот вицепрвак и потпиша нов договор на две сезони.
Николовска...
Гевгелија предводена од Гичева ја оствари втората победа во новата сезона
Ракометарките на Гевгелија ја остварија втората победа во годинешната сезона, откако во натпревар од 7. коло од Женската лига славеа против дебитантот Скопје со резултат 30:27.
Домаќинките во финишот направија од готово-вересија, бидејќи гостинската екипа...
Блесок на Алмеида, Куманово не виде мака против Пелистер
Македонскиот вицепрвак Куманово на свој терен запиша убедлива победа против екипата на Пелистер со 41:25 во натпревар од 7. коло од Женската лига. Свое голгетерско шоу на теренот во спортската сала при СОУ „Перо...
Ѓорче Петров беше сигурен на гостувањето кај Овче Поле СУ
Ракометарките на Ѓорче Петров во натпревар од 7. коло од Женската лига на гостувањето во Свети Николе кај Овче Поле Славјански Универзитет обезбедија лесна победа, која што беше изразена со 17 гола разлика, 39:22.
Домашната...
Тамара Ивановска останува верна на Куманово – потпиша нов договор
Македонскиот вицепрвак Куманово успеа во своите редови да ја задржи младата ракометарка Тамара Ивановска.
20-годишната ракометарка, која настапува на позицијата десен бек, остана верна на Куманово и го продолжи договорот и за следната сезона.
Ивановска потекнува...
Металург броеше до 50 против Кузман Вардар
Тимот на Металург по европската елиминација и тешкиот триумф над Стружанка, забележа убедлива победа на гостувањето кај составот на Кузман Вардар со убедливи 50-12.
Прашањето на победникот беше решено уште по првиот дел кога избраничките...
Вардар со висок триумф и 7/7 се загреа за дерби дуелот со Куманово
Ракометарките на Вардар во рамки од 7. коло од Женската лига одиграа рутински против Спартак триумфирајќи убедливо со 37:16. Екипата на Вардар останува единствената екипа која е без пораз во досегашниот тек од сезоната...
Чаир на грузиски погон до триумф над Шампион
Екипата на Чаир предводена од двете интернационалки од Грузија, Елизавета Чкхаидзе и Мариами Микхелидзе, славеше победа над Шампион со 36:29 во натпревар од 6. коло од домашниот шампионат.
Шампион во дуелот против Чаир влезе мотивирано...