Еден од трите домаќини на СП 2025, Хрватска, стартуваше победнички на Мундијалот откако во „Арена Загреб“ славеше убедливо против Бахреин со 36-22.
Победникот беше решен уште по првото полувреме кога избраниците на Дагур Сигурдсон направија залиха од осум гола, 17-9. На стартот на вториот дел Хрватите отидоа и на плус 11, 20-9, па немаше никакви дилеми околу победникот.
Вториот домаќин на СП 2025, Норвешка, неочекувано загуби од Бразил со 29-26. Иако скандинавската селекција имаше предност во повеќе наврати во првиот дел, сепак дозволи комплетно да биде надиграна во второто полувреме и ќе мора да се „вади“ на средбите со САД и Португалија.
Најдобар стрелец кај Бразил беше Лангаро со седум гола, а кај Норвешка, Грондал погоди шест пати.
Иако првиот дел, кој заврши реми 14-14, навестуваше неизвесен меч меѓу Германија и Полска сепак не беше така. „Панцирите“ во второто полувреме комплетно го надиграа ривалот и не дозволија изненадување на стартот на Мундијалто.
Светско првенство, резултати:
Хрватска – Бахреин 36-22
Норвешка – Бразил 26-29
Унгарија – Македонија 27-27
Германија – Полска 35-28