Бразил без Мораеш ќе се бори за пласман на СП 2025

Поранешниот ракометар на Вардар, кружниот напаѓач Рожерио Мораеш, нема да може да им помогне на репрезентативните колеги на шампионатот на Јужна и Централна Америка.

Искусниот ракометар, кој е дел од тимот на Мелсунген, на еден од репрезентативните тренинзи заработи фактура на носот и поради тоа беше принуден да го напушти репрезентативниот камп.

Шампионатот на Јужна и Централна Америка ќе се одржува во периодот од 16 до 20 јануари, домаќин ќе биде Аргентина, односно градот Буенос Аирес.

Најдобрите три репрезентации ќе обезбедат пласман на Светското првенство 2025, кое ќе се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.

Бразил на претходното издание на шампионатот на Јужна и Централна Америка во финалето славеше над главниот ривал Аргентина со 20:17