Екипата на Борец ФЛ е последниот патник во групната фаза од Купот на Македонија, откако вечерва славеше против прволигашот Овче Поле со 27:23 (14:13).
Домаќините одиграа одлично и во последните осум минути немаа многу среќа, па така велешани си заминаа победнички.
Двете екипи имаа свои подеми и падови во текот на целиот натпревар, а речиси до 50-та минута се играше гол за гол.
Најефикасен во победничката екипа беше искусниот Зоран Стојановски, кој зад своето име запиша осум погодоци.
Кај Овче Поле се истакнаа Димитар Минов и Иван Димчевски, двајцата имаа по седум реализации во мрежата на гостите.
Куп на Македонија, елиминации:
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 36-44
Тиквеш – Јехона 43-15
Куманово – Астраион 35-18
Охрид – Шампион 45-10
Радовиш – Скопје 44-19
Еурофарм Пелистер 2 – Драчево 40-22
Бутел Скопје – Металург РА 39-23
Аеродром – Македонија ЃП 29-28
Младост Богданци – Струга 20-21
Текстилец – Прилеп 20-38
Овче Поле – Борец ФЛ 23-27