Блесок на Ремили, Веспрем со лекција за Порто

По поразот од ГОГ Гудме, тимот на Веспрем се врати на победничките патеки во Лигата на шампионите и лесно го совлада Порто со 44-34.

Предводен од францускиот десен бек Недим Ремили, кој даде десет гола, унгарскиот вицепрвак немаше никакви проблеми против тимот на Никола Митревски.

Уште по првиот дел беше создадена висока предност, 22-16, иако во еден момент Порто беше на минус еден, 16-15.

Вториот дел беше само формалност и одработување на задачата за унгарскиот шампион, кој сега има три победи во четири меча.

Никола Митревски бранеше во вториот дел и успеа да запре четири удари на домашните ракометари.

Најдобри стрелци покрај Ремили во домашниот состав беа Касадо и Елисон со по пет гола, додека кај Порто, Кристенсен даде осум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МАГДЕБУРГ14120236
2БАРСА14110333
3ВЕСПРЕМ14100430
4МОНПЕЛЈЕ1480624
5ВИСЛА ПЛОЦК1451816
6ГОГ1451816
7ПОРТО14401012
8ЦЕЛЈЕ1400140