Ракометарките на Вардар славеа во интересен натпревар против составот на Спартак со 37-34 во натпреварот од 24 коло.
Ова се важни бодови за избраничките на Даниела Новеска, кои го запреа залетаниот и искусен ривал, па сега Вардар практично го осигура третото место.
Спартак водеше само на стартот со 1-0, а потоа вардарки ја преземаа контролата и не ја испуштија предноста до крајот.
На паузата Вардар водеше со 22-17, Беровиќ и Миленкоска дадоа 11 односно девет голови и со исклучок на еден момент кога Спартак намали на минус еден, 30-29, се останато беше во знакот на вардарки.
Кај Спартак, се истакнаа Цветановска со осум и Николовска со седум погодоци.

























