Без изненадувања на првиот ден на Светското клупско првенство

Денеска во Каиро стартуваше Светското клупско првенство, кое во изминатите години го носеше името Супер Глоуб.

На отворањето, тимот на Ал Калеј славеше убедлив триумф над американскиот Калифорнија Иглс со 23 гола разлика, 48:25 (22:16).

Клубот од Саудиска Арабија во следното коло од групата Ц за ривал го има Магдебург, кој денес беше слободен.

На победа се радуваа Ал Ахли и Замалек, кои беа подобри од Сиднеј Универзитет, односно Таубате.

Ал Ахли против аматерскиот тим од Сиднеј славеше со 49:15 (20:6), додека Замалек против Таубате триумфираше со 30:25 (18:6).