Бешикташ носи уште едно големо име во своите редови?

Екипата на Бешикташ од Турција полека започнува да гради конкурентен тим за следната натпреварувачка сезона, но и станува привлечен клуб за големи имиња.

Во Бешикташ пред извесен период пристигна кружниот напаѓач од Динамо Букурешт, Седрик Сорендо, кој во својата клупска кариера има настапувано за ПСЖ и Барселона.

Според шпекулациите во ракометните кругови, ново име во Бешикташ би требало да биде екс ракометарот на Вардар, Едуардо Гурбиндо.

Шпанецот од оваа сезона е член на Кил, пред да потпише за „зебрите“ беше поврзуван со трансфер во тимот на Алкалоид.

Сепак, македонскиот зет одлучи да се пресели од Романија во Бундес лигата, а дали ќе потпише за Бешикташ би требало да се знае во наредниот период.

36-годишниот ракометар во својата кариера беше дел и од Динамо Букурешт, Вардар, Нант, Барселона и Ваљадолид.