Беровиќ броеше до 11, Металург Автокоманда лесно го реши Овче Поле СУ

Ракометарките на Металург Автокоманда во рамки од 19. коло од Женската лига имаа лесна задача против составот на Овче Поле СУ, триумфираа со 37:18.

Новакот со одлична игра во двете полувремина, во кои гостинките од Свети Николе немаа можност да се надигруваат против поискусниот ривал, дојдоа до убедливата победа.

Избраничките на Јулијана Дамчевска на пауза имаа 22:9, во ниту еден момент не се опуштија во вториот дел и на крај славеа со 19 гола разлика.

Одлична партија во победничката екипа имаше Таида Беровиќ, постигна 11 погодоци, сите од игра, шест додаде Исидора Котевска. Кај поразениот табор прв стрелец беше Нина Крстева со пет погодоци.

Металург Автокоманда во следното коло ќе игра со последнопласираната Гевгелија, додека Овче Поле СУ ќе се соочи со Спартак.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080