Астибо ја освои Битола и го прати Пелистер во бараж

Тимот на Астибо и математички го обезбеди својот опстанок во елитното женско друштво за наредната сезона, откако славеше кај Пелистер со 29-18.

Сега „амазонките“ од Штип имаат 15 бодови на шестото место на табелата, додека Пелистер остана на шест бода и ќе мора да игра бараж за опстанок со второпласираната екипа од Првата лига, а тоа многу веројатно ќе биде Ѓорче Петров 2.

Битолчанки парираа одлично дваесетина минути кога беше 9-9, но потоа следуваше еден гол пад, до паузата постигнаа само еден гол, а примија седум за 16-10.

Второто полувреме мина во комплетна доминација на Астибо, во чиј напад доминираа Анчева со 13 гола, како и двете Анголки, Ксавиер и Мутемека со по шест гола.

Кај битолчанки се истакнаа Тодоровска со шест и Стојчевска со пет погодоци.