Алеиш Гомез нема да настапи на Мундијалот?

Репрезентативецот на Шпанија и актуелен член на Барселона, десното крило Алеиш Гомез, е неизвесен за настап на Мундијалот во јануари.

27-годишниот ракометар не успеа да ги надмине проблемите  кои ги имаше на левото рамо, па така на негово место шанса ќе добие Феран Соле.

Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, го смести Соле меѓу 20-те ракометари за настап на подготовките пред Светското првенство.

Шпанија на Мундијалот ќе настапи во група Ф, а за ривали ги има репрезентациите на Шведска, Јапонија и Чиле.

Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза.