„Алборг и Еурофарм Пелистер ни се добра шанса за нови бодови“

Загреб го совлада убедливо норвешкиот Колстад во последното коло од Лигата на шампионите, а јунак на тој меч беше голманот Матеј Мандиќ.

Чуварот на мрежата смета дека следните две средби дома во Загреб против Алборг и против Еурофарм Пелистер, се добра шанса за нови бодови.

„Во Лигата на шампионите има се и сешто. Алборг го доби Келце, па потоа губи од ПИК Сегед, па Килце го доби ПСЖ, па Еурофарм Пелистер му се спротистави на Кил… Клубовите уште ја бараат формата, само што стартуваше сезоната. Нашата група е тешка и единствен рецепт е да дадеш се од себе. Алборг и Еурофарм Пелистер се добри домашни шанси кои ни следат да освоиме уште некој бод. И за тоа мора да бидеме подготвени“, вели Мандиќ за „Спортске Новости“.

Следен предизвик за Загреб во ЛШ е домашниот дуел со Алборг на 12 октомври, а потоа македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе гостува во Хрватска на 19 октомври.