Иако германските клубови немаат најдобар старт во Лигата на шампионите, директорот на Бундес лигата, Франк Бауман, смета дека нивната лига и понатаму доминира во светот.
Според него, големата конкуренција, потенцијалот за маркетинг и огромната посетеност, ја прават Бундес лигата најдобра во светот.
Тој смета дека малку странски клубови би можеле да се борат за титула во Бундес лигата.
„Барселона би можела да се бори за титула, ако би играла во нашата лига“, смета Бауман.
Иако нивото на Асобал лигата паѓа многу во споредба со Бундес лигата, Барса нема конкуренција на домашно тло, но би било интересно како би се снашле каталонците на натпревари секој викенд против Кил, Магдебург, Фуксе Берлин, Фленсбург….или на незгодни гостувања кај Мелсунген, Лемго, Рајн Некар…меѓу сите тешки натпревари во ЛШ.
Бауман во изјавата за германските медиуми смета дека данската лига напредува многу, но дека француската и шпанската стагнираат.
„Посакуваме уште поголема конкуренција и развој на другите лиги, а тоа ќе го направи ракометот во Европа уште посилен“, заврши Бауман.