Ракометарите на Охрид по триумфот над тимот на Кирил Лазаров, ги очекува пресметка со вториот тим од Автокоманда.
Новиот суперлигаш ќе биде последен тест за избраниците на Борис Ројевиќ пред натпреварите од ЕХФ Европскиот Куп.
Десното крило Ален Ќосевски очекува Охрид да ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Автокоманда.
„Ни следува натпревар против втората екипа од Автокоманда. Станува збор за млада и борбена екипа. Нашата цел е јасна, да играме организирано и да ги искористиме нашите квалитети“, изјави Ќосевски.
Натпреварот меѓу „витамините“ од Автокоманда и Охрид се игра в недела од 16:00 часот.

























