Селекторот на женската кадетска репрезентација, Славиша Димитријески, го објави списокот за претстојната ЕХФ недела.
Димитријески на списокот има 18 ракометарки, меѓу кои и две интернационалки – бековите Лана Алтанова и Варвара Атанасовска, кои играат во Словенија.
Останатите 16 ракометарки се од домашното првенство од Ѓорче Петров, Астибо, ЧАир, Вардар и Пелистер.
Кадетките ќе бидат дел од првиот регионален „Балкански Куп“, натпреварување со 12 селекции, а повеќе детали може да прочитате ТУКА.
Македонија е во група со Грција и Турција, а првиот турнир од планираните четири ќе се одржи во јужниот сосед од 23 до 25 октомври, каде нашите кадетки ќе одиграат два меча.
Собирот на кадетките е на 19 октомври од 13:00 часот.
Во ноември кадетките ги чека битка за пласман на ЕП 2027 година, на турнирот што ќе се одржи во Скопје, а ривали на Македонија се Литванија, Грција и Косово.

Се роди „Балкански Куп“ – РФМ обезбеди репрезентативни натпревари за најмладите генерации!
























