Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Игор Марковиќ, го објави списокот на ракометарки за претстојната ЕХФ недела.
Во споредба со претходниот список за „Трофеј Македонија“ има пет нови имиња на кои ќе смета црногорскиот стратег.
Тој ги повика голманката Јована Мицевска Митев, пивотот Александра Коловска, како и трите бека – Михаела Кралева, Теодора Дукоска и Сара Богојеска. Одново отсутна поради повреда ќе биде Марија Јанкуловска.
За разлика од септември на списокот не се Софи Гошевска, Ана Марија Коларовска, Моника Килдан Јанеска и Ангела Јанкуловска.
Марковиќ ќе прозива во понеделник од 12:30 часот, а во рамките на оваа ЕХФ недела нема да се играат пријателски натпревари.

























