Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од четвртото коло во Лигата на шампионите.
Вардар ќе му гостува на полскиот вицепрвак Висла Плоцк во текот на утрешниот ден, а ЕХФ делегираше арбитри од Литванија.
Станува збор за Томас Барисас и Петрусис Повилас кои ќе делат правда, а делегат ќе биде Чехот Јири Конечни.
Натпреварот меѓу Висла Плоцк и Вардар ќе се игра во „Орлен Арена“ утре со почеток од 18:45 часот.
























