Тимот на Јувента Михаловце, каде што играат двете македонски интернационалки Теодора Дукоска и Сара Миновска, запиша нов триумф во регионалната МОЛ лига со екипите од Чешка и Словачка.
Јувента Михаловце славеше на гостувањето кај чешкиот тим Пишек со 26-23, откако и на полувремето водеше со 14-11.
Миновска постигна три гола на овој натпревар, додека Дукоска која се врати од повредата, беше стрелец на еден погодок.
Михаловце е на делба на врвот во МОЛ регионалната лига со осум бода заедно со Дунајска Стреда и Бањик Мост, а во следното коло ќе гостува повторно во Чешка кај тимот што го елиминира Ѓорче Петров од Лигата на Европа.

























