Петковски блеска во Чешка – го реши мечот со Жубри!

Тимот на Плзен, каде што брани македонскиот голман Андреј Петковски, го доби дербито со Робе Жубри во чешкиот шампионат.

Во натпреварот од 6 коло, Плзен на домашен терен беше подобар и славеше со 30-27, иако на полувремето беше 15-15.

Човекот на одлука во победничкиот состав беше токму Петковски, кој бранеше на високо ниво во текот на целиот меч.

Синот на македонската легенда Зоран Петковски успеа да запише 19 одбрани во големата победа на Плзен.

Плзен и Петковски се на второто место со 11 бодови и без пораз по шест меча, а во следното коло ќе гостуваат кај Брно.