Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува со фантастичните партии во Бундес лигата.
По перфекцијата против Магдебург, Томовски беше одличен и против уште еден фаворит за титулата, Фуксе Берлин кој се намачи за триумф кај Битигхајм со 32-31.
Македонскиот чувар на мрежата успеа да запре 14 удари на противничките ракометари, а Матијас Гидсел имаше 6/11.
Томовски покажува од меч во меч се подобри партии и прашање на време е кога ќе го видиме на голот на некој бундеслигашки претендент за титулата.
▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон 📲.
Со еден клик до сите вести. 🤾
























