Блесок на Гошевски и Стојаноски, Аполда запиша нов триумф

Тимот на Аполда, каде што тренер е Игор Тоскоски, ја запиша четвртата победа во пет меча досега од новата сезона во Регионалната лига на Германија.

По триумфот над Ашерслебен на домашен терен, Аполда славеше на уште една средба дома, овојпат над Хале со 36-32.

Во Аполда на Тоскоски играат голманот Александар Стојаноски, пивотот Пеце Ѓорѓиески, левиот бек Христијан Милошески и десниот бек Дејан Гошевски.

На средбата со Хале, Стојаноски имаше одлична партија на голот со 13 одбрани, Гошевски беше најдобар стрелец со 15 гола, додека Ѓорѓиески додаде еден, а Милошески ја пропушти оваа средба.