За македонскиот првак ова беше уште еден „тренинг меч“ во кој гостите имаа сила само за 15-тина минути, а на крај Вардар убедливо го победи тимот на Будванска Ривиера, со 44-27 (21-15) во рамките од Регионалната лига.
Клучниот период започна во 16. минута. Вардар, предводен од расположениот Воркапиќ, направи серија од 6-0 и од 11-11 стигна до 17-11. Будва во овој дел од натпреварот целосно застана во нападот и беше без постигнат гол цели осум и пол минути. Потоа се беше „лесно“. Полека се зголемуваше разликата, а Иван Чупиќ им даде шанса на сите од клупата.
Повторно во тимот на скопјани го немаше Бомаштар, Лазаревски, Жоао Педро и Стојановски. Но, и без нив Вардар беше пресилен на гостите.
Тимот од Црна Гора го постигнаа првиот гол, а воведните 15 минути минаа во израмнета игра, со постојано менување на минималното водство. При резултат 11-11 сè уште немаше навестување дека македонскиот претставник ќе замине на пауза со убедлива предност.
Домаќинот во продолжението стигна и до највисоки седум гола предност, 19-12 и 20-13. Будва со два последователни погодоци на Радовановиќ намали на 20-15, но Љевар го постави конечниот резултат на полувремето, 21-15.
Во 40 минута Вардар првпат „ја раситни десетката“ поведувајќи со 28-18. Потоа прашање на време беше само колкава ќе биде разликата на крај од натпреварот. Предноста се искачи до „плус 15“ за македонскиот шампион, а со последниот свиреж разликата беше „плус 17“ за конечни 44-27.
▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон 📲.
Со еден клик до сите вести. 🤾
























