Од утре до сабота, Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ ќе бидат центар на женскиот ракомет во регионот.
Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора ќе бидат дел од традиционалниот турнир „Трофеј Македонија“ и ќе одиграат по три меча – секој со секого.
Натпреварувачката комисија на РФМ ги одреди официјалните лица за овие шест меча, а ќе ги судат два машки пара и два женски пара.
Правдата на натпреварите ќе ја делат Божиновски/Начевски, Митревски/Тодоровски, Илиева/Карбеска и Јашар/Прентоска.
Меѓу делегатите ќе бидат Марјан Начевски, Бобан Мајнов, Ацо Николовски, Игор Огненов и Славчо Ристески.
„Трофеј Македонија“, распоред на натпревари:
Четврток, 24.09.2026
16:00 | Хрватска – Црна Гора
👨⚖️ Судии: Даниело Божиновски/Виктор Начевски
📋 Делегат: Бобан Мајнов
18:00 | Македонија – Србија
👩⚖️ Судии: Лејла Јашар/Викторија Прентоска
📋 Делегат: Марјан Начевски
Петок, 25.09.2026
15:30 | Хрватска – Србија
👩⚖️ Судии: Марија Илиева/Силвана Карбеска
📋 Делегат: Ацо Николовски
17:30 | Македонија – Црна Гора
👨⚖️ Судии: Димитар Митревски/Благојче Тодоровски
📋 Делегат: Игор Огненов
Сабота, 26.09.2026
17:00 | Црна Гора – Србија
👩⚖️ Судии: Марија Илиева/Силвана Карбеска
📋 Делегат: Игор Огненов
19:00 | Македонија – Хрватска
👩⚖️ Судии: Лејла Јашар/Викторија Прентоска
📋 Делегат: Славчо Ристески
























