Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во Лигата на шампионите кај дамите.
Македонскиот двоец Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе го судат еден од најинтересните натпревари кој е прогласен од ЕХФ за „меч на колото“.
Тие се делегирани на натпреварот меѓу два тима што досега се искачиле на европскиот трон – Подравка и Ѓер.
Натпреварот меѓу хрватскиот и унгарскиот првак е закажан за 5 септември во салата „Јосип Самарџија Бепо“ од 18:00 часот.
Марјан Начевски ќе биде делегат на натпреварот во Љубљана меѓу Крим и ЧСМ Букурешт на 5 септември од 16:00 часот.
























