Чупиќ задоволен по драмата со Охрид: Среќата е голема

Вардар ја доби драмата со Охрид во Гевгелија со 32-31 и го освои петтиот трофеј во Супер Купот на Македонија.

Тренерот на вардарци, Иван Чупиќ, го загуби гласот во текот на мечот и едвај можеше да ги сподели импресиите.

„Секако дека сме задоволни кога ќе се освои трофеј, среќата и задоволството се големи. Знаевме дека не чека тешко финале против многу добар противник и би сакал да му честитам на Охрид за фер и коректниот меч. Ова беше вистинско финале и честитки до моите играчи“, изјави Чупиќ.

Вардар е најтрофеен во ова натпреварување, Еурофарм Пелистер остана на три трофеи, додека еден има тимот од Автокоманда.