Тимот на Вардар води на паузата со 17-15 против екипата на Охрид во мечот за трофејот во Супер Купот што се игра во Гевгелија.
Охрид имаше подобро отворање на мечот и искористи неколку грешки на Вардар за 4-1 по шест минути игра во Гевгелија. „Црвено-црните“ веднаш се вратија во егал и потоа мечот продолжи гол за гол.
Се играше жестоко во одбраната, а пеналите во голови ги претворија Фадуил на двапати за Вардар и Ѓукиќ и Мате на двапати за Охрид. Беше 8-8, пред Стрмљан да искористи една добра асистенција за гол за 9-8.

Но и Митровиќ беше прецизен за 9-9, но охриѓани беа тие што секогаш поведуваа, а Вардар израмнуваше. Таквата игра продолжи до последните две минути до паузата, пред Воркапиќ да погоди во последната секунда и да му донесе на „црвено-црниот“ тим плус два на паузата, што е најава за интересно вотор полувреме.
Вардар на овој натпревар настапи без Милан Лазаревски, Марио Стојановски, Жуниор Тузолана, Милан Бомаштар…додека Охрид беше без Бојан Блажески и Мартин Карапалевски.
Вардар е најтрофеен тим во Супер Куп натпреварувањето со четири трофеи, а три има Еурофарм Пелистер.
























