ПРИЛЕП 2026: Домашните лесно до трофеј на „Миле Нешкоски“, Димитриоски е МВП

Ракометарите на Прилеп го освоија трофејот на 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, откако во финалето беа подобри од Тиквеш сo 36-29.

Победникот беше најавен уште по првото полувреме кога избраниците на Наум Танески водеа со 17-12, а во вториот дел немаше дилеми и возбудувања.

Најдобар стрелец на турнирот е Кристијан Симоноски од Еурофарм Пелистер 2, најдобар голман е Благојче Трајкоски од Прилеп, додека за МВП беше прогласен Димитар Димитриоски од домашниот состав.

Третото место го освои екипата на Еурофарм Пелистер 2 по триумфот над „витамините“ од Автокоманда со 32-29, додека петти е Бутел Скопје кој славеше над Младост Богданци со 32-30.

Признание за придонес во ракометот во Прилеп добија спортскиот новинар Миле Талески и спортскиот работник Драган Василески, а награда за животно дело доби Димитар Богдан, некогашниот голман и претседател на ТК Бренд.