ПРИЛЕП 2026: Утре стартува турнирот „Миле Нешкоски“ – шест екипи во битка за трофеј

Утре во Прилеп стартува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ со учество на шест македонски екипи.

Покрај домаќинот Прилеп, во групата 1 ќе бидат и „витамините“ од Автокоманда, како и новиот суперлигаш Младост Богданци.

Во групата 2, која на хартија е поквалитетна, се најдоа Бутел Скопје, Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2.

Бранителот на трофејот од минатата сезона, екипата на Охрид, оваа година не е дел до турнирот „Миле Нешкоски“.

Сите натпревари од групната фаза ќе се играат од четврток до сабота, во термините од 18:00 и 20:00 часот во салата „Ристе Ристески Ричко“. Финалето е в недела, на 23 август, од 20:00 часот.

Група 1: Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци
Група 2: Бутел, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2

Распоред на натпревари:

20 август
18:00 – Бутел – Тиквеш
20:00 – Прилеп – Мулти Есенс

21 август
18:00 – Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2
20:00 – Прилеп – Младост Богданци

22 август
18:00 – Еурофарм Пелистер 2 – Бутел
20:00 – Мулти Есенс – Младост Богданци

23 август
16:00 – натпревар за петто место
18:00 – натпревар за трето место
20:00 – финале