РК Струга со постхумно признание за Новко Ѓорѓиевски

Пред стартот на натпреварот за третото место на Струшкиот турнир меѓу Струга и Прилеп постхумно беше доделена плакета за Новко Ѓорѓиевски.

Неговата ќерка, некогашната репрезентативка Душица Ѓорѓиевска, ја прими плакетата во име на семејството.

„Неговиот спортски дел, посветеност и љубов кон ракометот ќе останат засекогаш запаметени. Неговите почетоци се во тимот на Шевро Куманово, потоа играше за Струга, а таму ја стартуваше и тренерска кариера која го водеше и во Стружанка, Кале Кичево, Еуростандард Ѓорче Петров, Кабран Амбалажа и машкиот клуб на Куманово. Беше селектор и на женската младинска репрезентација на Македонија“, објави организаторот.

Покрај Душица, ќерка на Новко Ѓорѓиевски е исто така некогашната репрезентативка Елена Ѓорѓиевска, која сега игра за Црвена Звезда.