Прилеп го освои третото место на 54. издание на струшкиот турнир откако во дуелот за бронзата го совлада домаќинот со резултат (16-14). Пред исполнетите трибини на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ во Струга, се одигра неизвесен и интересен натпревар меѓу две израмнети екипи, како предвесник за возбудувањата кои следав во домашното првенство.
Дуелот кој ќе го има предзнакот дерби во македонската суперлига, започна со минимална предност на гостите од Прилеп. Уште на стартот создадоа два погодока разлика со која ја преземаа контролата на резултатот.

Домаќините успеаа на неколкупати да го израмнат натпреварот, но ниту еднаш не го преземаа и водството. Прилепчани во финишот на првиот дел успеаа да ја одржат предноста и со два ракометари помалку во игра откако Тренчевски и Стојановски заработија исклучувања. Затоа првиот дел заврши со предност за Прилеп од 16-14.
Oдбраната на прилепчани на стартот на второто полувреме беше одлична на чело со Трајкоски, па десет минути не дозволи да биде совладана. Стружани не успеаја да погодат ниту еднаш до 40 минута, а за тоа време момците на Танески реализираа преку Димитриоски, Шипинкоски, Стојановски….и отидоа на највисоки плус осум, 24-16.
Петров го прекина струшкиот пост со погодок за 24-17, но немаше време за пресврт, иако во меѓувреме живна малку играта на стружани, кои сепак имаа голем број промени во ростерот, па ќе им треба време за воигрување. На десет минути до крајот Прилеп водеше со 27-20, но Струга не се откажа од борба и успеа да намали на минус три, 28-25, а тоа беше знак за Танески да бара тајм-аут.
Шипинкоски со удар од далечина донесе 29-26 за прилепчани, но потоа следуваше грешка на Прилеп, одбрана на Јовановски и Костоски со два гола по ред, за 29-28 и возбудувања во последната минута. Беше 30-29, прилепчани го промашија последниот напад остана уште четири секунди, но Струга немаше време да реализира и победата ја однесе Прилеп.
Трајкоски на голот запиша 14 одбрани, а по шест гола дадоа Шипинкоски и Стојановски, додека по исто толку дадоа за Струга тројца – Танкоски, Петров и Јукиќ.

























