СТРУГА 2026: Двобој за уживање – Вардар против Охрид за трофејот покрај Црн Дрим

Екипите на Вардар и Охрид ќе се соочат во битката за трофеј на 54. издание на Струшкиот турнир. Вечерва од 20:30 часот, бранителот на трофејот, Охрид, ќе се обиде да го освои турнирот вторпат по ред, но пред себе ќе го има освојувачот на двојната круна од Македонија, Вардар.

За првпат во клупската историја минатата сезона, Охрид го совлада Вардар во Супер лигата, покажа дека може против „црвено-црните“ и ќе биде интересно да се видат одново еден против друг тимовите на Борис Ројевиќ и Иван Чупиќ.

Двата тима имаа големи играчки промени, останаа без важни играчи, но донесоа засилувања што полека се вклопуваат во составите и ќе имаат значајни улоги. Вардар и Еурофарм Пелистер досега имаат по 14 екипи, па доколку слават „црвено-црните“ ќе се одлепат на првото место.

Во битката за трето место ќе играат домаќинот Струга и Прилеп, додека во натпреварот за петтото место ќе се соочат Дубочица Лесковац и Бутел Скопје.

Распоред на натпревари: 

10:00 ДУБОЧИЦА ЛЕСКОВАЦ – БУТЕЛ СКОПЈЕ (за петто место)
18:30 СТРУГА – ПРИЛЕП (за трето место)
20:30 ОХРИД – ВАРДАР (финале)